ГРАЃАНИТЕ ДА БИДАТ СПОКОЈНИ, СИСТЕМОТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД КОРОНА ВИРУСОТ ЦЕЛОСНО ФУНКЦИОНИРА

Министерството за здравство информира дека редовно се следи состојбата со корона вирусот на територијата на Република Северна Македонија и дека се преземени сите мерки на заштита и превенција. Во државата, досега, не се забележани сомнителни случаи на корона вирусот, па дури и во препораките за патување, издадени од повеќе земји, Република Северна Македонија е ставена во рамки на земјите со вообичаена доза на претпазливост при патување. И покрај тоа, согласно препораките на Светската здравствена организација, Министерството за здравство апелира до граѓаните во целост да ги следат и почитуваат мерките за превенција:

• Да се воведе дополнителна заштита на храната – да не се консумира храна направена од болни животни;
• Да се воведе дополнителна заштита при подготовка на храната – да се користат различни садови и ножеви за подготовка и сечкање на сирова и задожително да се мијат рацете по секоја подготовка на храна. При подготовка месо и јајца, тие добро термички да се обработат;
• Да се воведе посебна заштита при работа на отворени пазари – задолжително носење заштитни опрема, ракавици, маски и мантили, додека се извршуваат работи со животни или производи од животинско потекло, по употребата целата опрема да се извади и да се пере секојдневно. Да се внимава да се заштити семејството од неиспрана работна опрема;
• Да се штити населението од настинки – да се избегнува незаштитен контакт со болни (вклучувајќи и допир на уста, нос и очи), како и незаштитен контакт со домашни или со диви животни.
• Задолжително и често миење раце – и кога не се видливо нечисти да се мијат рацете со сапун и вода или да се користи чистач за раце кој содржи алкохол;
• Заштита на останатите од заболување – при кашлање или кивање да се заштити устата и носот со марамче или со дланката. По употреба, марамчињата да се фрлаат во затворени канти. При кашлање или кивање, како и при грижа за болни, задолжително да се мијат рацете.

-Граѓаните да бидат спокојни, системот за превенција од корона вирусот целосно функционира. На аеродромот во Скопје е поставена термална камера, имаме стручен медицински тим со кој раководи епидемиолог. Имаме доволно заштитна опрема со која дежурните екипи ќе постапуваат при евентуален транспорт на сомнителен случај, а деновиве ќе пристинат и околу 500 реагенси за испитување на корона вирус, информира Министерството за здравство.

Истакнуваме дека наш највисок приоритет е здравјето на граѓаните, пациентите и здравствените работници. Министерството за здравство продолжува будно да ја следи состојбата и редовно да ја известува јавноста.

Сподели на:

Related Posts