Институтот за јавно здравје денеска прими дополнителна помош и поддршка од Светската здравствена организација – 5 носачи на вакцини и 1250 тестови и реагенси за секвенционирање вируси. Овој гест ќе придонесе за ефективен одговор на кризата со Ковид-19 во Северна Македонија.
Како интегрален дел на складирањето на вакцините во ладен синџир, носачите на вакцини претставуваат кутии со изолација, што се користат за транспорт на вакцини и разредувачи до локации на терен, како и за привремено складирање во текот на изведувањето на имунизацијата во здравствените установи, со што се одржува потребната температура за складирање и се задржува квалитетот на вакцините.
Набавката на опремата и имплементацијата на проектот се поддржани од Германија и Центарот за превенција и контрола на болести на САД со техничка поддршка од СЗО.