ОТВОРАЊЕ НА РЕНОВИРАНИОТ ХИРУРШКИ УРГЕНТЕН ЦЕНТАР НА КЛИНИКА ЗА ТОАРИЛУЦ

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, заедно со министерот за здравство д-р Беким Сали и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, го отворија реновираниот хируршки ургентен центар во Скопје.

Заедно со директорот на Универзитетската клиника за ТОАРИЛУЦ, Александар Трајановски, ја потенцираа важноста од инвестициите во осовременување на здравствените установи во земјава, се со цел подобри услуги за граѓаните. Станува збор за целосна реконструкција на 400 метри квадратни на хируршки ургентен центар за што се одвоени 8 милиони денари буџетски средства и средства од донации.

Министерот Сали истакна дека првпат по 30 години  комплетно се реновирани просториите на хируршки ургентен центар, а реализирана е и набавка на медицински инвентар и опрема за центарот.

-Со ваквите настани одбележуваме унапредување на условите за третман на пациентите кои се посебно значајни за мене како министер за здравство, но и како пациент земајќи предвид дека речиси секој од нас се нашол во ситуација да побара здравствена услуга, тука на Ургентниот центар. Фактот дека во оваа установа имаме комплетна реконструкција на простор на површина од 400 метри квадратни е показател за успешното менаџирање на оваа Клиника, чие раководство и во сензитивни услови на пандемија, успева значително да ги унапреди условите за третман на пациентите и да ја промени сликата и првиот впечаток кој го стекнуваат пациентите при барањето на медицинска помош тука во Ургентниот центар. Конкретно, реновиран е делот во кој се сместени приемното одделение, собата за реанимација, собата за тријажа, операционата сала, асептичната соба, помошните простории и санитарни чворови. За оваа цел се издвоени  осум милиони денари буџетски средства и средства од донации, рече министерот Сали.

Се работи за комплетна реконструкција на  простор првпат по 30 години со површина од 400 метри квадратни.

Сподели на:

Related Posts