Во изминатиот период, во клиничкиот кампус „Мајка Тереза“ интензивно се работи за подобрување на инфраструктурата. Направени се неколку реконструкции, корекции и изработка на решенија за подобра експлоатација на инфраструктурата.
Реконструирана и рехабилитирана е постојната улична мрежа и целосно решен проблемот со влезовите и со излезите од комплексот кон градските улици.
Поставена е вертикална и хоризонтална сигнализација за правилно насочување на сообраќајот. Обележани се пешачките зони, поставено е ново улично осветлување, проширени тротоари. Создадени се услови за движење на возилата за итна медицинска помош, патеки за посетители и лица со медицински помагала и велосипеди.
Извршено е хортикултурно уредување на парковите и јавните простори низ комплексот. Поставена е нова урбана опрема: клупи, фонтани, чешми, ниско и високо зеленило.
Во непосредна околина на Унивезитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, во кампусот на Клинички центар Мајка Тереза“ целосно е расчистен теренот од старите објекти во близина на инфективна клиника, старите бараки „Медицинар“. Со ова, се оформи и директен пристап до инфективната клиника од ул. „Белградска“, со цел да се сепарира движењето на пациентите со симптоми на Ковид-19 од останатите пациенти кои влегуваат на главната капија на клиничкиот кампус „Мајка Тереза“.
Овој месец се пушти во употреба и монтажната модуларна болница за потребите за дополнување на болничкиот капацитет на инфективната клиника.
За кратко време, Клиничкиот кампус доби сосема нов лик. Нема повеќе сообраќаен хаос. Ги подобруваме условите во јавното здравство и покрај пандемијата од Ковид-19. Да ги почитуваме мерките за заштита и да се грижиме за одржување на клиничкиот кампус чист и од нас зависи.