Раното препознавање на знаците за мозочен удар е клучно, со цел навремен транспорт до најблискиот центар каде е достапна тромболитичната терапија, а со тоа и намалување на последиците од истиот.
По повод одбележување на Светскиот ден на мозочен удар, на денешниот настан министерот за здравство, д-р Беким Сали ја потенцираше посветеноста на Здружението за борба против мозочен удар за подигнување на свесноста во оваа област.
Министерството за здравство континуирано вложува во дијагностиката и неодамна беше пуштен во употреба нов ангиограф на Институтот за радиологија со цел подобар исход на тромбоктомиите кои може да се третираат веднаш.