КОМПЛЕТНО РЕНОВИРАН ДЕЛ ОД КЛИНИКАТА ЗА ПЛАСТИЧНА И РЕКОНСТРУКТИВНА ХИРУРГИЈА

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче денеска ја посети Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија, каде во тек е реконструкција на одделите за хоспитализација на пациенти при клиниката. 

Директорката на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, д-р Софија Пејкова, изјави дека станува збор за комплетна реконструкција на болничките соби, кујната, сите тоалети и бањи за пациентите, подовите, водоводната и електричната инсталација, како и осветлувањето. Воедно, истакна дека поради намалените просторно-технички услови, кои се настанати од реконструкцијата, клиниката работи со намален капацитет.

Од утре (вторник, 22.01.2019 година) стартува и втората фаза од реконструкцијата со којашто ќе се опфатат и останатите оддели при Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија. Се очекува на почеток на март, годинава, да биде завршена комплетната реконструкција на клиниката.

 

 

Сподели на:

Related Posts