КОВИД ЦЕНТАРОТ НА КОЖНА КЛИНИКА СТАВЕН ВО ФУНКЦИЈА

Министерот Беким Сали денеска го посети ковид центарот на Кожната клиника и им посака што побрзо закрепнување на болните.

– Сите капацитети се ставени во функција, а нашите здравствени работници го вложуваат сиот свој потенцијал за да им помогнат на болните. Посакувам сликите што ги гледаме од граѓани кои се борат со вирусот и последиците од него повеќе да не ги гледаме во иднина. Верувам дека сите граѓани не поддржуваат во ова. Во оваа прилика, сакам да испратам апел дека вакцинацијата е од несомнено големо значење во намалувањето на последиците од вирусот и заштитата на здравјето на населението, посочи Сали.

Вакцинирајте се! Токму со тоа и со следење на сите мерки на претпазливост, не само што ќе го намалите ширењето на вирусот, туку и ќе го намалите притисокот кон нашите здравствени работници кои неуморно работат за да не’ чуваат безбедни. Само обединети ќе го надминеме заедничкиот непријател – пандемијата. Вистината е едноставна: никој не е безбеден се’ додека не се безбедни сите. Помогнете, поддржете ја вакцинацијата, да го вратиме нашиот живот таков каков што сакаме да биде.

Сподели на:

Related Posts