ЛАЗАРОПОЛЕ ДОБИ ПАТРОНАЖНА МЕДИЦИНСКА СЛУЖБА, ЖИТЕЛИТЕ ВО ЛЕТНИОТ ПЕРИОД СО ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА ПОБЛИСКУ ДО ДОМОТ

Од први август почна со работа патронажната медицинска служба во с.Лазарополе, која секој четврток, до крајот на летната сезона ќе ротира во овој регион.

Лекар и медицинска сестра од Здравствениот дом во Ростуше, еднаш неделно во периодот од 09:00 до 13:30 часот, на жителите ќе им ја пружаат потребната здравствена заштита и нега, во една од просториите на зградата од месната заедница (старата општина), која специјално е наменета за овој мобилен сервис.

Светската здравствена организација ги оцени интегрираните услуги за домашна нега на Министерството за здравство како одлична мерка за поттикнување на унапредувањето на здравствените услуги кај граѓаните.

Се покажа како ефикасна патронажната служба во Кочани, Ресен и Галичник, каде стручен тим оди на терен, во домовите на пациентите и се грижи за здравјето на жителите. На овој начин, здравствените услуги ги доближуваме поблиску до граѓаните, најблиску до домот на живеење.

Сподели на:

Related Posts