МАЈЧИНАТА И ПЕРИНАТАЛНА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА ГЛАВНА ТЕМА НА ВТОРИОТ НАЦИОНАЛЕН ФОРУМ ЗА ЗДРАВЈЕ

Вториот национален форум за здравје, што ќе се одржи на 27 февруари 2020 година е платформа на која ќе се разговара за актуелната состојба и иднината на мајчината и перинатална здравствена заштита во Северна Македонија.

Форумот ќе ги сподели и одбележи постигнувањата од првата година на реализација на обновената визија за примарна здравствена заштита (ПЗЗ), усвоена на минатогодишниот, прв национален форум за здравје.

Вториот национален форум за здравје е во организација на Министерството за здравство, со поддршка од Светската здравствена организација (СЗО), под мотото „Здрави мајки, здрави новороденчиња: Северна Македонија одговара на предизвиците“.

Сподели на:

Related Posts