МАНОЛЕВА НА БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ СО МИНИСТРИТЕ ЗА ЗДРАВСТВО НА СЛОВЕНИЈА И ЦРНА ГОРА

Заменик министерката за здравство, д-р Маја Манолева оствари билатерални средби со министерката за здравство на Република Словенија, Валентина Преволник Рупељ и д-р Шимон Војислав, министер за здравство на Република Црна Гора, на маргините на десеттиот состанок на високо ниво на Иницијативата за мали земји на СЗО/Европа, кој се одржува во Лимасол, Кипар.

На билатералните средби се разговараше за предизвиците со кои се соочуваат земјите во здравствениот сектор, можностите за обезбедување финансиска одржливост на здравствените системи, зајакнување на превенцијата на болести, како и за продолжување на соработката, посебно во делот на едукација и професионализација на сестрите и акушерките.

Сподели на:

Related Posts