МАНОЛЕВА: СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЕДНОГЛАСНО ПРИФАТЕНА КАКО 12. ЧЛЕНКА НА ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА МАЛИ ЗЕМЈИ НА СЗО/ЕВРОПА, ПРИСТАПУВАЊЕТО КОН ЕУ Е ГЛАВЕН ДВИГАТЕЛ НА ЗЕМЈАТА

Заменик министерката за здравство, д-р Маја Манолева се обрати на 10. состанок на високо ниво на иницијативата за мали земји на СЗО/Европа, кој се одржува во Лимасол, Кипар.

Таа потенцираше дека пристапувањето кон Европската унија е главен двигател на земјата, која полека, но стабилно прави чекори во усвојувањето на реформите на ЕУ.

-Република Северна Македонија е цврста во својата посветеност на заедничките напори на Иницијативата за мали земји при СЗО во европскиот регион. Со здружување на силите со нашите партнери, имаме за цел да ја искористиме споделената експертиза и ресурси за да го зајакнеме нашиот капацитет за промоција на здравјето, превенција на болести и испорака на квалитетна здравствена заштита. Уверена сум дека приклучувањето на Република Северна Македонија во Иницијативата за мали земји на СЗО/Европа не само што ќе ги унапреди напорите за здравствена заштита на нашата нација, туку и ќе поттикне колективен стремеж кон постигнување на универзална здравствена заштита и подобри здравствени резултати за сите, истакна Манолева.

На денешниот состанок со 11 министри на земјите членки на Иницијативата за мали земји на СЗО/Европа, Република Северна Македонија беше едногласно прифатена како 12 членка на оваа платформа.

Сподели на:

Related Posts