МЕЏИТИ: 50 ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ СО РЕНОВИРАЊЕ СТАНАА ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНИ

Почитувани,

Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити, денеска ги презентираше очекувањата и позициите на државата за претстојната 28 Конференција на страните на рамковната конвенција на ООН за климатски промени, што од 30 ноември до 12 декември ќе се одржува во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати.

Во продолжение, Ви го пренесуваме обраќањето на министерот Меџити во целост:

„Не постои земја во светот каде не се чувствуваат последиците од климатските промени, загрижува фактот што во наредните децении се очекува да бидат уште поинтензивни. Од клучна важност е адаптацијата кон климатските промени, трошоците за инвестирање во адаптација денес ќе ги намалат трошоците за негативните последици во иднина. Затоа, од приоритетно значење за секоја држава е стратешки да се пристапи кон процесот на адаптација кон климатските промени.

Република Северна Македонија овој процес го започна во 2011 година со „Стратегија за адаптација на здравствениот сектор кон климатските промени во Република Македонија со акциски план“ кој беше усвоен од тогашната Влада. Истата година беше усвоен акциски план за поседици од топлотните бранови врз здравјето на населението, а следната  2012 беше донесен акциски план за превенирање на штетните влијанија и на последиците од студените бранови врз здравјето на населението во државата.

Здравствениот сектор е класифициран како ранлив сектор. Тоа е поради зголемување на зачестеноста и времетраењето на екстремните временски услови, кои имаат големи влијанија врз здравјето на луѓето, зголемување на бројот на заболени од акутни и хронични заболувања, зголемување на смртноста поради долготрајни периоди со високи температури на воздухот, зголемување на инциденцата на преносливи болести, зголемување на респираторните заболувања, поради зголемени полен алергени во воздухот итн.

Мерките за адаптација спроведени во здравствениот сектор вклучуваат имплементација на енергетска ефикасност во здравствените установи, изминативе неколку години се реновирани околу 50 здравствени установи. Мерките за ублажување на климатските промени вклучуваат примена на природен гас и исклучување на мазутот за потребите на клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“, ГОБ „8 Септември“, УК „Св. Наум Охридски“, ГАК Чаир во 2020 година и сите поголеми болници во Скопје. Поставување сончеви панели во Клиничката болница во Штип и болницата во Гостивар со поддршка од СЗО. Во 2022 Институтот за јавно здравје на РСМ започна активности зградата да стане енергетски ефикасна. Во 2022 година, Институтот за јавно здравје го воведе новиот автоклав со дробење медицински отпад на принцип на намалување на отпечатокот од јаглерод од здравствените установи и да биде поеколошки и да работиме на тоа да станеме климатска одржлива установа.

Декларацијата COP 28 за климата и здравјето е повик за акција и колективна посветеност, која ги одразува грижите и заедничкиот став на земјите за важноста на здравјето во рамки на климатскиот дискурс и во процесот на COP. Тоа е со цел да се артикулира дефинирањето на климатските промени -здравјето и како страните се здружуваат за да одговорат на итната потреба за интегрирање на климата и здравјето. Декларацијата е наменета да послужи како повик за акција и заедничка визија од земјите да се состанат и да соработуваат наоколу, и може да се пренесе на претстојното Светско здравствено собрание и на идните COP настани.

Токму поради ова, во тек на нашето учество на 28. COP конференција во Соединетите Арапски Емирати очекуваме да се вклучиме и да развиеме разни дискусии за адекватен одговор и адаптација на здравството во нашата држава на предизвиците кои ги носи промената на временските услови.

Исто така за време на престојот планиравме доста билатерални средби со министрите за здравство на повеќето соседните држави, со цел размена на искуства за досегашните соработки, како и иницирањето нови.“

Сподели на:

Related Posts