Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска беше во посета на Општата болница во Гостивар по повод набавка на нов лапароскоп на одделот за урологија.
-Со ова првпат во областа на урологија ќе се извршуваат лапароскопски интервенции во болницата и ќе нема потреба пациентите да се упатуваат во Скопје за овој тип интервенции.
Лапароскопската и ендоскопската опрема е набавена од Министерството за здравство во вредност од 10.5 милиони денари.

Со оваа инвестиција значително се унапредува специјалноста урологија во оваа болница, а воедно се проширува опсегот на здравствени услуги кои се обезбедуваат во установата.
Сакам да истакнам дека изминатиот период за установата набавивме и подвижен рендген апарат со C-рака со дигитален детектор во вкупна вредност од 7.7 милиони денари.
Овие инвестиции се показател за континуираното унапредување на условите за третман на пациентите во установата, и со оваа динамика продолжуваме да реализираме нови инвестиции и во следниот период, изјави Меџити.
