МЕЏИТИ: ОБЕЗБЕДИВМЕ ДОПОЛНИТЕЛНИ СРЕДСТВА ЗА ПОГОЛЕМ БРОЈ ПАЦИЕНТИ СО ЦИСТИЧНА ФИБРОЗА ЗА ЛЕКОТ „ТРИКАФТА“

Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити, оствари средба со претставници од Здружението за цистична фиброза. На состанокот стана збор за повеќе актуелни теми поврзани со пациентите со цистична фиброза и напорите за нивно надминување. Посочено беше дека Фондот за здравствено осигурување, минатата недела, обезбеди дополнителни средства за лекот „трикафта“ за дополнителен број на пациенти со цистична фиброза. Со овој дополнителен буџет значајно ќе се зголеми бројот на пациенти за кои стручна Комисија ќе одлучи дека треба да примаат терапија.

За пациентите кои ќе бидат ставени на терапија со лекот „трикафта“, одлучува стручна комисијата формирана од министерот за здравство, а одлуките се носат согласно изготвен протокол.  Соговорниците на средбата разговараа и за реконструкција и доопремување на Центарот за цистична фиброза при Институтот за белодробни заболувања кај децата-Козле, за што Министерството за здравство доби финансиска помош од НР Кина.
Министерот Меџити на средбата истакна дека Центарот ќе биде современ објект изграден по европски стандарди, каде ќе се нудат современи здаравствени услуги за пациентите со оваа заболување, како и одлични услови за работа на здравствениот персонал со пациентите.

Сподели на:

Related Posts