МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО, ФАТМИР МЕЏИТИ ОДРЖА СОСТАНОК СО ЛЕКАРСКАТА КОМОРА

Министерот за здравство, Фатмир Меџити, заедно со заменик министерката, Маја Манолева одржаа состанок со Лекарската комора на РСМ, каде централна тема беше справување со предизвиците на миграцијата на лекарите и предизвиците со кои се соочуваат во нашата држава.На оваа средба се истакна дека го препознаваме вредниот придонес што лекарите го даваат во нашиот здравствен систем […]

СВЕТСКИ ДЕН НА ДАУНОВ СИНДРОМ,ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕМЕ?

Светскиот ден на лицата со Даунов синдром традиционално се одбележува на 21 март. Годинава под мотото „Со нас – не за нас“ овој ден е фокусиран на пристапот заснован на човековите права кон попреченоста – право да се третираат праведно, да имаат исти можности и слобода да направат сопствен избор. Децата со Даунов синдром треба да […]

СРЕДБА НА МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО, Д-Р фАТМИР МЕЏИТИ СО ПРЕТСТАВНИЧКАТА НА УНИЦЕФ, ПАТРИЦИЈА ДИЏОВАНИ

На денешната средба на министерот за здравство, д-р Фатмир Mеџити со претставничката на Фондот за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ), Патриција ДиЏовани, се дискутираа работните активности и полиња на потенцијална соработка за 2023 година. Во таа насока, Министерството за здравство со УНИЦЕФ ќе потпишат годишна програма, дизајнирана во насока на подобрување на квалитетот на здравствени […]

МЕЏИТИ НА СРЕДБА СО Д-Р АНЕ ЈОХАНСЕН: ЗАЕДНИЧКА ИНИЦИЈАТИВА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА

Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити оствари официјална средба со д-р Ане Јохансен, специјална претставничка на СЗО за Северна Македонија и шефица на Канцеларијата на СЗО во Скопје. На средбата се дискутираше за заедничките приоритети од областа на здравството и за активностите кои ќе се спроведуваат во претстојниот период, меѓу кои и иницијативата за зајакнување […]

СВЕЧЕНО ОДБЕЛЕЖАН 17 МАРТ ДЕН НА ОСНОВАЊЕ НА ЦРВЕН КРСТ И ДЕН НА КРВОДАРИТЕЛСТВО

Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити, денеска, се обрати на свеченото одбележување на 17 март – Ден на основање на Црвениот крст и Ден на крводарителството во РСМ.    Во рамки на одбележувањето, министерот Меџити додели плакети на општинските организации на Црвениот крст со реализирани најголем број крводарувања, минатата година.  Министерството за здравство во континуитет […]

МИНИСТЕРОТ МЕЏИТИ СО СВОЈОТ ТИМ ДАРУВАШЕ КРВ НА ИНСТИТУТОТ ЗА ТРАНСФУЗИOЛОГИЈА

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити, заедно со тим од Министерството за здравство, директори на јавни здравствени установи, доктори и здравствени работници, денеска, беа дел од крводарителна акција во пресрет на 17 март, Денот на основањето на Црвениот крст и Ден на крводарителството во РСМ.  Со цел промоција на хуманоста и подигнување на свесноста за […]

СРЕДБА НА МИНИСТЕРОТ МЕЏИТИ СО В.Д АМБАСАДОРОТ НА ГЕРМАНИЈА, ОТО ГРАФ

Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити, денеска оствари работна средба со в.д. амбасадорот на Сојузна Република Германија во земјава, Ото Граф, во чиј фокус беше унапредување на досегашната соработка на поле на здравството и можностите за нејзино продлабочување. Тој истовремено се заблагодари за поддршката на македонскиот здравствен систем за време на КОВИД пандемијата со над […]

НА ДЕТСКА КЛИНИКА ПРИСТИГНА ЛЕКОТ ТРИКАФТА ЗА ПАЦИЕНТИТЕ СО ЦИСТИЧНА ФИБРОЗА

На Клиниката за детски болести пристигна лекот Трикафта и осум пациенти со цистична фиброза почнуваат со едногодишна терапија, информираше во изјава за медиуми министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити. -Сакам да ве информирам дека на Универзитетската клиника за детски болести пристигна лекот Трикафта за цистична фиброза. Министерството за здравство, во соработка со сите надлежни институции […]

БРИФИНГ НА МИНИСТЕРОТ МЕЏИТИ – СЕ АНАЛИЗИРААТ СОСТОЈБИТЕ, ВО ФОКУСОТ СЕ ПАЦИЕНТИТЕ

Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити, денеска, одржа брифинг со претставници на медиумите, на кој ги презентираше приоритетите на кои ќе се посвети во претстојниот период.   -На позицијата министер доаѓам од клиничкиот центар, така што одблиску ги знам предизвиците со кои се соочуваат пациентите, и оттука во фокусот на нашата работа ќе бидат пациентите. […]

МИНИСТЕРОТ МЕЏИТИ ОДРЖА ПРВА СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА СИНДИКАЛНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ

Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити, денеска ја одржа првата средба со претставници на синдикалните организации од областа на здравството. На средбата стана збор за актуелните прашања за регулирање на статусот на здравствените работници, по што дијалогот ќе продолжи со сите надлежни институции, како што се Фондот за здравствено осигурување, Министерство за финасии и Министерството […]