СРЕДБА НА МИНИСТЕРОТ МЕЏИТИ СО В.Д АМБАСАДОРОТ НА ГЕРМАНИЈА, ОТО ГРАФ

Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити, денеска оствари работна средба со в.д. амбасадорот на Сојузна Република Германија во земјава, Ото Граф, во чиј фокус беше унапредување на досегашната соработка на поле на здравството и можностите за нејзино продлабочување.

Тој истовремено се заблагодари за поддршката на македонскиот здравствен систем за време на КОВИД пандемијата со над 1,45 милиони евра, што е исклучително значајна помош во време на пандемија и светска економска криза.

Сподели на:

Related Posts