МИНИСТЕРОТ МЕЏИТИ СО СВОЈОТ ТИМ ДАРУВАШЕ КРВ НА ИНСТИТУТОТ ЗА ТРАНСФУЗИOЛОГИЈА

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити, заедно со тим од Министерството за здравство, директори на јавни здравствени установи, доктори и здравствени работници, денеска, беа дел од крводарителна акција во пресрет на 17 март, Денот на основањето на Црвениот крст и Ден на крводарителството во РСМ. 

Со цел промоција на хуманоста и подигнување на свесноста за крводарувањето, на иницијатива на министерот за здравство, д-р Меџити беше организирана оваа акција, на која докторите дадоа свој придонес во унапредување на крводарителството. 

Крводарувањето е особено хуман и солидарен чин, од суштинско значење да се спаси човечки живот. Министерството за здравство во континуитет ги поддржува акциите на Црвениот крст, а токму во насока на унапредување на крводарителството, Министерството изготвува посебна програма. Со програмата за 2023 година предвидено е организирање бројни крводарителски акции, изготвување листи на потенцијални дарители на крв, едукација и мотивирање на населението, како и изработка на информативни материјали.  

Линк од видео: https://we.tl/t-U3VWLSv26q

Сподели на:

Related Posts