МИНИСТЕРОТ, Д-Р ФИЛИПЧЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ПРОТЕСТ ПОД МОТО„СТОП ЗА НАСИЛСТВО ВРЗ ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ“ – ПРЕЗЕМАМЕ МЕРКИ ЗА ДА ГО ВРАТИМЕ ДОСТОИНСТВОТО НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче денеска присуствуваше на протест под мотото „Стоп за насилство врз здравствени работници“ кој се одржа во кругот на Клиничкиот центар.
‘’Почитувани пациенти, ние сме со вас. Секојдневно се грижиме за вашето здравје, но и здравјето на вашите најблиски. Моето присуство на денешниот протест е поддршка, затоа што со насилство врз здравствените работници не се постигнува ништо. Нападот е недозволив и казнив според закон’’ – истакна министерот д-р Филипче.
Тој потсети дека се преземени конкретни мерки со мобилна полициска патрола на најкритичните јавни здравствени установи за да не се случуваат вакви инциденти како и дека мора да се врати довербата меѓу пациентите и здравствените работници.
‘’ Преземаме мерки за да го вратиме и достоинството на здравствените работници. Преку вработувања, зголемени плати, дежурства, едукации итн, тие да бидат да бидат мотивирани и задоволни во својата работа. Вршиме хумана дејност, довербата меѓу пациентите и здравствените работници е најважна’’ –појасни министерот д-р Филипче.

Сподели на:

Related Posts