МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО СО КОНКРЕТНИ МЕРКИ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРИСТАПОТ ДО НОВИ ВИСОКО-ЕФЕКТИВНИ И ИНОВАТИВНИ ЛЕКОВИ ЗА МУЛТИПЛА СКЛЕРОЗА

Како резултат на евидентен напредок за грижата на пациенти со мултипла склероза во нашата држава, Националното здружение за помош и поддршка на овие лица, на министерот за здравство  доц, д-р Венко Филипче, денеска му додели благодарница.

Само во последната година Министерството за здравство работеше на подобрување на пристапот до нови високо-ефикасни и иновативни лекови, за една година бројот на пациенти се зголеми од 9 на 43 кои примаат терапијата  ocrelizumab, иновативна терапија за пациенти со МС.

Во последните години се бележи континуиран пораст на бројот на пациенти со мултипла склероза кои се лекуваат на Универзитетската клиника за неврологија.

 

Сподели на:

Related Posts