МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: ФОРМИРАН Е ЦЕНТАР ЗА ДОЈКА ВО КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА ВО БИТОЛА

Со инсталирањето на новиот дигитален мамограф во Клиничката болница во Битола е формиран Центар за дојка.

„Со инсталирањето на новиот дигитален мамограф, во Клиничката болница во Битола веќе е формиран Центар за дојка. Тоа значи дека секоја жена на едно место може да направи мамографија, ехо преглед и магнетна резонанца. Превенираме болести на дојка. Ракот се лекува, ако навреме се открие. Ги приближуваме здравствените услуги до секоја жена, таа заслужува квалитетна здравствена заштита“, потенцираше министерот Филипче.

Вчера, во Клиничката болница во Битола министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, министерот за локална самоуправа Горан Милевски и директорот на болницата д-р Зоран Лазаров го пуштија во употреба новиот дигитален мамограф.

Мамографот е достапен за бесплатни, превентивни мамографски прегледи за сите жени во битолскиот регион, вклучувајќи ги и пациентките од тешко пристапните подрачја, обезбеден преку проектот од ИПА програмата за меѓугранична соработка Грција-Северна Македонија (2014-2020).

Сподели на:

Related Posts