МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ ГИ ПОСЕТИ ДЕЧИЊАТА КОИ СЕ ЛЕКУВААТ НА ХЕМАТО-ОНКОЛОШКОТО ОДДЕЛЕНИЕ И ИМ ПОДАРИ НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, попладнево ги посети дечињата кои се лекуваат на хемато-онколошкото одделение на Клиниката за детски болести и им подари новогодишни пакетчиња.

Наместо чоколади кои во моментов не е препорачливо да ги консумираат, предновогодишните пакетчиња им беа спакувани со содржина на боенки, сликовници, фломастери и мрсни боички како донација од Просветно Дело. Деца-танчери од студиото за танц Eat the beat ги развеселија со музичка точка, со што и дел од дечињата-пациенти заиграа со нив.

„Вечерва, со дечињата од студиото за танц Eat the beat ги вративме насмевките на нашите најмали дечиња кои се лекуваат на хемато-онколошкото одделение на Клиниката за детски болести. Во соработка со Просветно дело им подаривме новогодишни пакетчиња боенки, сликовници, фломастери и мрсни боички. Ветувам дека нивните цртежи ќе добијат посебно место во мојата канцеларија и секогаш ќе ме потсетуваат на нив, најмалите херои. Им посакувам што побрзо да имаат насмеано и разиграно безгрижно детство“, рече министерот Филипче.

 

Сподели на:

Related Posts