Министерот за здравство д-р Венко Филипче ја посети Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, каде синоќа на една минута после полноќ се роди првото бебе во 2021 година.
Триесет и пет годишната Бојана Миланова, роди здраво машко дете тешко 3650 грама и долго 51 сантиметар. Ова е второ дете во семејството Миланови. Само неколку секунди подоцна, на свет дојде уште едно машко бебе. Триесет и три годишната Габриела Ѓошевска го роди своето прво бебе тешко 3350 грама, 51 сантиметар долго.
Министерот Филипче им посака здравје, среќа, многу љубов и безгрижно детство на новородените бебиња.
Министерството за труд и социјална политика на мајката на првото бебе и подари златник, а Град Скопје штедна книшка. Второто бебе исто така доби златник и штедна кништа. Во 2 часот по полноќ се роди женско бебе и подароци од Град Скопје и МТСП ќе има и за него.
Видео: https://wetransfer.com/downloads/0404200328fc4fdc843df6bdc763e0dd20210101100145/b9efc2