Министерот за здравство, д-р Венко Филипче учествува на дводневен министерски форум на земјите од Југоисточна Европа, што се одржува во Подгорица, Црна Гора, во организација на Светската здравствена организација.
Главна тема е важноста на имунизацијата, придобивките од неа, како и предизвиците и можностите со кои се соочуваат земјите од ЈИЕ.
Во рамки на фoрумот, министерот Филипче се сретна со д-р Сузана Јакаб, регионален директор на СЗО за Европа, а предвидена е и средба со министерот за здравство на Црна Гора, Кенан Храповиќ.
На форумот ќе биде потпишано и писмо на намери, во врска со важноста на имунизацијата, потребата од јакнење на системот за вакцинација, како интегрален дел од здравствениот систем на земјите од ЈИЕ.