МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: РЕКОНСТРУИРАВМЕ ПОВЕЌЕ ОД 10 ЈАВНО-ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ НИЗ ЦЕЛАТА ДРЖАВА

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче изјави дека она што е зацртано на почетокот на мандатот, во голема мера е реализирано. Една од главните цели беа капиталните инвестиции и реконструкциите.

„Една од главните цели беа капиталните инвестиции и реконструкциите. Така, годинава, целосно се реконструираа Одделението за интензивна нега на Клиниката за неврохирургија, Клиниката за хематологија, Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, Клиниката за дигестивна хирургија и Клиниката за гастроентерохепатологија. Целосно се реновираа операционите сали на Клиниката за ортопедија, каде се изведуваат најсофистицирани операции на локомоторниот систем. Целосно се реконстурираа службите за Итната медицинска помош во Здравствените домови во Велес и Битола. Го пуштивме во употреба новиот ургентен центар во Куманово и Кардиоваскуларниот центар во Градската општа болница „8 Септември”. Од темел го изградивме новото одделение во Психијатриската болница во Негорци и машкиот павиљон во Психијатриската болница во Демир Хисар. Во завршна фаза се два капитални проекти, Специјалната болница по хируршки  болести „Св. Наум” во Скопје и Специјалната болница за ортопедија и траумотологија „Св. Еразмо” во Охрид“, потенцираше министерот Филипче и додаде дека од следната година започнува со работа и новата болница во Струмица.

Во периодот што следи планирано е отпочнување со реновирање на уште 34 јавно здравствени установи во државата. Набавени се најсовремени медицински апарати за здравствените установи на територијата на целата земја, кои се основен предуслов за точна и прецизна дијагностика и понатамошен соодветен третман на пациентите. Набавени се и 12 нови возила за итната медицинска помош, нови лекови, вакцини и најсовремена медицинска терапија.

Сподели на:

Related Posts