МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: СО ИЗМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА ОД ОВАА ГОДИНА ЗА ПРВПАТ ВО НАШАТА ЗЕМЈА, СЕКОЈ МЛАД ЛЕКАР ЌЕ ДОБИЕ ШАНСА ДА СЕ АНГАЖИРА ВО СИСТЕМОТ НА ЈАВНОТО ЗДРАВСТВО

„Оваа Влада посветено работи на тоа да креира фер општество за сите млади луѓе“, изјави министерот Филипче и потенцираше дека со измената на Законот за здравствена заштита од оваа година за првпат во нашата земја, секој млад лекар ќе добие шанса да се ангажира во системот на јавно здравство.

Ова значи дека секој лекар којшто ќе го заврши лекарскиот стаж и ќе добие лиценца за работа, ќе се вклучи во системот на Здравствените домови и ќе почне да стекнува искуство во брзата помош, вакциналните пунктови и во системот на патронажна нега.

„Со стекнување на искуство, со добивање шанса за работа ќе добијат дополнителен стимул за професионална надградба во своите кариери. Ова е само дополнение на сет од мерки кои ги започнавме минатата година. Значајно ги зголемивме платите на сите здравствени работници, докторите, медицинските сестри и останатиот немедицински персонал.

Со зголемување на платите продолжуваме и оваа година. Ги надополнуваме системите за едукација, имплементирајќи на тој начин корикуми коишто се користат во земјите во Европска унија“, истакна министерот Филипче.

Министерот Филипче додаде дека со сите овие мерки, искрено веруваме дека ќе ги задржиме младите лекари и медицински сестри да работат во јавното здравство, а не да заминуваат надвор од земјата. Силно и посветено работиме на зајакнување на сите капацитети, надополнување на инфраструктурата таму кадешто е потребно, на купување на нова медицинска опрема таму каде што треба да се воведат нови методи и интервенции.

„Силно и посветено работиме на изградба на новиот Клинички центар во нашата земја. Искрено веруваме дека со сите овие мерки системот на јавно здравство значајно ќе го зајакнеме, а со тоа ќе пружиме можност за нашите граѓани и пациенти да добијат квалитетни здравствени услуги, така како што добиваат граѓаните во сите развиени европски земји“, потенцираше министерот Филипче.

Сподели на:

Related Posts