МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ВЕЛЕС: НЕМА ПОВЕЌЕ ДОМАШНИ АПТЕКИ, ЛЕКОВИТЕ СЕ ДОСТАПНИ ВО ТЕКОТ НА ЦЕЛИОТ МЕСЕЦ

Министерот за здравство доц д-р Венко Филипче, денеска оствари средба со Здружението на пензионери во Велес, на која разговараа за мерките и активностите што Министерството за здравство ги спроведува со цел унапредување на здравствениот систем во Република Северна Македонија.

„Со укинувањето на квотите на рецепт, пациентите имаат достапни лекови во секое време, на почетокот, на средината и кон крајот на месецот. Со пензионерите имаме континуирани средби, затоа што сакаме да го слушнеме нивниот став и размислување, да ни посочат во кои сегменти треба да се подобриме. Се видовме со пензионерите од Гевгелија, Битола, Скопје и Куманово. Тие се задоволни бидејќи повеќе не прават домашни аптеки и не стравуваат дека ќе останат без потребниот лек“, изјави министерот Филипче.

На средбата, пензионерите ја поздравија мерката за укинување на квотите и потенцираа дека се чувствуваат спокојно, бидејќи имаат лекови во кој било ден. Нема повеќе гужви. Обезбедивме квалитетни здравствени услуги и лекови согласно потребите на граѓаните.

Сподели на:

Related Posts