МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ ВО ПОСЕТА НА АПТЕКИ ВО ГЕВГЕЛИЈА: ГРАЃАНИТЕ ИМААТ ДОСТАПНИ ЛЕКОВИ ВО СЕКОЕ ВРЕМЕ

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, денеска посети неколку аптеки во Гевгелија, кадешто на лице место се информираше како тече мерката со укинувањето на квотите за лекови на рецепт.

„Граѓаните во секое време ја подигнуваат својата терапија и повеќе не стравуваат дека можат да останат без потребниот лек. Тие се снабдени со лекови во кој било период од месецот“, потенцираше министерот Филипче.

Во месец август почна првата фаза од укинувањето на квотите за лекови на рецепт, а Гевгелија беше меѓу првите градови во кои се укинаа квотите. На први октомври се укинаа квотите за лекови на рецепт во аптеките ширум целата држава. Оваа мерка е во интерес на сите пациенти и лекари.

 

Сподели на:

Related Posts