МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: ЗДРАВСТВЕН ДОМ РЕСЕН СО НОВА УСЛУГА – ДНЕВНА БОЛНИЦА, ПРВА ОД ОВОЈ ВИД ВО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ДОМОВИ

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, денеска, го посети Здравствениот дом во Ресен и оствари средба со директорката д-р Сања Андоновска и вработените во оваа јавна здравствена установа, на која разговараа за новостите и активностите, кои ги спроведува оваа установа, со цел подобра грижа и услуга за пациентите.

-Здравствениот дом е добро организиран, пациентите во секое време ја имаат потребната квалитетна здравствена заштита, а преку вработувања на медицински кадар и зголемувања на платите на вработените се грижиме тие да бидат мотивирани и успешни во својата работа. Задоволен сум што добро функционира дневната болница, како нова услуга од декември 2018 година и прва од овој вид во здравствените домови“, потенцираше министерот Филипче. 

Во изминативе две години се реализирани 14 вработувања, минатата година, вработените добија повисока плата за 5%, а во јануари 2019 година, медицинските сестри добија повторно покачување од 5%, а докторите специјалисти – 10%.

Директорката Андоновска информираше дека е во постапка реализирање на договорот со Институтот за трансфузиона медицина за инсталирање нов апарат за телемедицина, и обезбеден е апарат пациент-монитор со донација за Итната медицинска помош.

-Горда сум што во Ресен имаме медицинска патронажна служба и граѓаните од околните места добиваат здравствена заштита поблиску до домот. Тие не мора да доаѓаат до Здравствениот дом за преглед, контрола или интервенција. Наш тим од 5 вработени во мобилниот сервис, оди на терен, се грижи за пациентите, со што услугите ги доближуваме поблиску до граѓаните, изјави директорката Андоновска.

 

Сподели на:

Related Posts