Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити учествува на здравствениот конгрес што се одржува во Тирана, Албанија на 5, 6 и 7 март. Конгресот го отвори премиерот на Владата на Република Албанија, Еди Рама и Огерта Манастирлиу, министерка за здравство и социјалнa заштита на Албанија. На настанот присуствуваат министри и лидери на здравствени институции од земјите од регионот и Европа, претставници на Светската здравствена организација, претставници на ОН и меѓународни здравствени организации и фондации.
Министерот Меџити одржа говор пред учесниците на вториот ден од конгресот. Настанот има за цел да ги собере креаторите на политиките, експертите, здравствените работници и корисниците на услуги, на заеднички форум за споделување искуства и вклучување во дијалог за предизвиците на здравствениот систем.
Дел од темите на конгресот ги опфаќаат најдобрите меѓународни практики, во насока на подобра грижа, зголемување на квалитетот на услугите и имплементација на најновите иновации во областа на здравството.
Во продолжение линк од обраќањето: