МИНИСТЕРОТ МЕЏИТИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ИЗВРШНИОТ ДИРЕКТОР ЗА РСМ ВО СВЕТСКА БАНКА

Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити, оствари средба со Кун Давидсе, извршен директор за Северна Македонија во бордот на извршни директори на групацијата Светска банка во Вашингтон.

Се разговараше за состојбите во здравствениот сектор и начините за нивно унапредување. На состанокот, министерот Меџити ги истакна предизвиците со кои се соочува и воедно ја потврди заложбата за соработка со групацијата Светска банка во Вашингтон за нивно справување. Светска банка ја поддржа земјата за време на КОВИД-19 пандемијата и продолжува да се заложува за унапредување на човечкиот капитал во Северна Македонија.

Се разговараше и за важноста на стратегијата за унапредување на човечкиот капитал, што Владата на РСМ ја изработи во соработка со Светска банка, како и за имплементација на неопходните реформи.

Сподели на:

Related Posts