МИНИСТЕРОТ САЛИ СЕ СРЕТНА СО АМБАСАДОРОТ НА АЛБАНИЈА, РЕКА И ЗАМЕНИК-АМБАСАДОРОТ НА САД, МЕЈЕР

Министерот за здравство, Беким Сали се сретна со амбасадорот на Албанија, Н.Е. Фатос Река, на која стана збор за зајакнување на регионалната соработка во јавното здравство, имплементирање на глобалните и европски политики, како и имплементирање на целите за одржлив развој на ОН. На средбата беше договорено натамошно продлабочување на соработката во повеќе сегменти на здравствениот систем, меѓусебна размена на искуства и следење на современите трендови во медицината.

Исто така, министерот Сали оствари средба и со заменик – амбасадорот на САД, Ерик Мејер на која беше изразена благодарност за континуираниот придонес во зајакнување на нашиот здравствен систем, како и за несебичната помош и поддршка од самиот почеток на кризата.

– Вкупната помош на американската Влада е над девет милиони американски долари за одговор на нашата држава во справувањето со ковид пандемијата, преку поддршка и зајакнување на лабораторијата во ИЈЗ, реконструкција на здравствени установи, како и средства со кои УСАИД ќе ја поддржи СЗО за континуирано зајакнување на капацитетот за подготвеност и одговор за итни случаи на здравствениот систем за време на пандемијата со цел обезбедување поголема покриеност и безбедна испорака на вакцините против Ковид. Денешната средба, како што посочува, е во насока на дополнително зајакнување и уште еден чекор напред во унапредување на нашиот здравствен систем.

Сподели на:

Related Posts