Министерството за здравство со поддршка на ХЕРА и УНФПА го реализира презентирањето и верификацијата на Извештајот и мониторингот за сексуално и репродуктивно здравје за Акцискиот план за СРЗ 2018-2020, усвоен на Владата на Северна Република Македонија.
На овој консултативен состанок беа презентирани досегашните резултати од спроведување на активностите во период од 2018-2020. Токму овој вид пошироки консултации веруваме ќе придонесат за подобра реализација на останатите активности согласно Планот со цел унапредување на сексуално и репродуктивно здравје на цело население, земајќи во предвид дека процесот е инклузивен и во сите фази покрај Министерството за зравство, Институтот за јавно здравје, Центрите за јавно здравје и другите институции, вклучен е и невладиниот сектор.
Од страна на претставничките на Министерство за здравство уште еднаш беше потенцирано дека превентивните прегледи се важни за рано дијагностицирање и во таа насока потенциран беше скринингот за рак на дојка, кој годинава за првпат се унапредува со воведената новина за двојно читање на мамографските слики.