Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити денес присуствуваше на националната презентација на резултатите од Студиите за бихевиоралните и културолошки аспекти за употребата и откажување од тутунот, како и презентација на Случајот со инвестициите во тутунот во земјава.
Во своето обраќање министерот Меџити нагласи дека првпат се спроведуваат студии од овој тип на национално ниво за планирање на идните стратешки чекори и кревање на гласот за значењето на зајакнувањето на националните активности за контрола на употребата на тутунот.