НОВА МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА РАБОТАТА НА КРИВОПАЛАНЕЧКИОТ ЗДРАВСТВЕН ДОМ

Подобрување на состојбата со кадарот во Здравствениот дом во Крива Паланка и набавка на нова медицинска опрема потребна за обезбедување подобри здравствени услуги на граѓаните, најави министерот за здравство д-р Венко Филипче по работната посета на Крива Паланка.

– На средбата разговаравме за потребите на оваа институција, како во смисла на подобрување на ситуацијата со кадарот, така и во смисла на она што им е потребно како медицинска опрема за подобрување на квалитетот на здравствените услуги на граѓаните на Крива Паланка. Веќе во буџетот на Министерството за здравство за оваа година предвидовме средства за набавка на нов рендген апарат-мамограф како и на нов ехо-апарат, со цел подобрување на нивото и квалитетот на здравствената заштита, изјави министерот Филипче.

На средбата било разговарано и за потребата од кадар за што е предвиден буџет за вработување лекари во Здравствениот дом. Во рамки на еден поголем проект за набавка за болнички возила, во предвид е земен и кривопаланечкиот Здравствен дом. 

Посетата на Крива Паланка, министерот Филипче ја оствари заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, и е на иницијатива на градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, кој разговараше со двајцата министри за крупните проекти предвидени за реализација во општината во претстојниот период. 

Сподели на:

Related Posts