Министерот за здравство, Беким Сали, заедно со амбасадорот на Р. Бугарија во земјава, Ангел Ангелов денеска присуствуваа на примопредавање на нов мобилен мамограф, чија вредност изнесува 140 илјади евра.
-Со ставањето во функција на мобилниот мамограф ја приближуваме оваа дијагностичка процедура до жените и во помалите населени места, бидејќи навременото дијагностицирање канцер на дојка спасува живот. Воедно преземаме активности за намалување на времето на чекање за прегледи и воведување дополнителни термини за мамографија и ехо на дојка. Зедно со докторите, здравствените установи и невладиниот сектор и во наредниот период продолжуваме со систематско решавање на пристапот до нова иновативна терапија која може да спаси живот на многу пациентки, посочи министерот Сали.
Предноста на овој мамограф е што е пренослив и согласно потребите ќе биде ставен на располагање за жените и од други помали населени места.