Нов најсовремен систем за компјутерска томографија е ставен во функција на Клиниката за пулмологија. Ова е значително зајакнување на капацитетите на Клиниката, што значи и побрз пристап на пациентите до дијагностичките процедури, истакна министерот за здравство Беким Сали, на денешната промоција на новиот компјутерски центар на Клиниката. Опремата е обезбедена преку ИПА фондовите, во рамки на финансиска поддршка од ЕУ за набавка на медицинска опрема. За таа цел, на Клиниката е вработен и стручен кадар кој ќе ракува со апаратурата – четворица радиотехнолози и двајца доктори специјалисти радиолози. Паралелно со оваа набавка, Клиниката за пулмологија и алергологија од сопствени средства набави и најнов дигитален РТГ апарат, со што установата комплетно се опреми со најнова апаратура, а за пациентите е овозможен побрз пристап до потребните дијагностички процедури.

Related Posts

НОВА КОМПРЕСОРСКА СТАНИЦА ЗА КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР
февруари 10, 2025

НА ОРТОПЕДИЈА ИЗВРШЕНА УШТЕ ЕДНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА СО КОСКА ОД ДОНОР
февруари 6, 2025

ПРВА НАЦИОНАЛНА КОНСУЛТАЦИЈА ЗА РЕФОРМА НА БОЛНИЧКИОТ СЕКТОР
јануари 31, 2025