ОБЕЗБЕДЕН НОВ АПАРАТ ЗА ВИДЕО ЛАРИНОСКОПИЈА И ЕНДОСКОПИЈА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ДИШЕН ПАТ, НАМЕНЕТ ЗА ПАЦИЕНТИТЕ НА КАРИЛ

Министерството за здравство набави нов апарат за видео лариноскопија и ендоскопија за обезбедување на дишен пат, вреден 70 илјади евра, наменет за пациентите кои се лекуваат на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ.

Со помош на овој апарат, анестезиолозите ќе можат полесно да интубираат пациенти кои се хоспитализирани на оваа Клиника и се во ризик.

Директорката на КАРИЛ, д-р Маја Мојсова Мијовска, вели дека досега овие зафати се правени механички со директна визуализација, а отсега тоа ќе се работи со овој порт, кој има мала камера и екран кој на анестезилогот и неговиот тим имаат комплетен увид како се прави зафатот.

„Оваа платформа е многу важна за лекарите, но и за пациентите на кој треба да им се се поставуваат тубуси. Поставувањето на тубусите е неопходно за сите пациенти врз кои се врши некој посериозен зафат. Ова е навистина голема придобивка за сите, многу вреден апарат“, вели д-р Мојсова Мијовска.

Сподели на:

Related Posts