Се грижиме за обезбедување здравствена услуга за жртвите на семејно насилство и заеднички со сите вклучени институции обезбедуваме специфични обуки за здравствени работници на различни нивоа. Ја унапредуваме свесноста за родово базирано и семејно насилство и соодветно постапување со жртвите.
Согласно новиот Закон за семејно насилство Министерство за здравство има надлежност да подготви специфични обуки за здравствени работници и во оваа насока е одржаната консултативна средба, иницирана во соработка со Министерство за труд и социјална политика, како носител и со поддршка од Канцеларијата на обединетите нации УНФПА.