ВЕЖБИ ВО БРЕМЕНОСТ НА КЛИНИКА ЗА ФИЗИКАЛНА МЕДИЦИНА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА

Од Универзитетската клиника за физикална медицина и рехабилитација информираат дека е почнато со спроведување програма за вежби во бременост со цел подобрување на здравјето на идните мајки.

За терапевтските вежби треба претходна согласност од матичен гинеколог. Адаптирани се според стадиумот на бременоста и се спроведуваат под стручен надзор на физиотерапевт и физијатар.

Покрај вежби, се добиваат совети за правилно држење на телото и техники за релаксација и дишење. Заинтересираните бремени жени може да се јават на тел. 075/288 978.

Сподели на:

Related Posts