ОДБЕЛЕЖАН МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН ЗА СВЕСНОСТА ЗА ПЕЛТЕЧЕЊЕТО

Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас во Скопје го одбележа Меѓународниот ден на свесноста за пелтечење. По овој повод  тие подготвија и поделија флаери со основните информации за пелтечењето и достапноста на логопедскиот преглед и третман.

Оваа јавна здравствена установа постои и работи 59 години и во неа успешно се третира овој комплексен проблем.

Овој ден се одбележува преку интернет конференции, медиумска кампања, едукативни активности и ресурси на интернет и освен да ја подигне јавната свест за пелтечењето, има за цел: едукација за ова комплексно нарушување, превенција на пелтечењето  кај децата, сознание за достапноста на третманот и промоција на резултатите од научните истражувања во оваа област.

 

 

Сподели на:

Related Posts