Од исклучителна важност е успешното партнерството меѓу Владата и граѓанскиот сектор во справувањето со еден комплексен проблем како што е ХИВ.
Направивме предлог-измени на Законот за здравствена заштита, за активно учество на граѓанскиот сектор во превенција на ХИВ.
Буџетот на Програмата за ХИВ за 2022 година ќе се зголеми од 87,7 на 125 милиони денари.
Со овие средстава обезбедена е антиретровирусна терапија за пациентите со ХИВ, како и за мерките за превенција што ги спроведуваат Здруженијата.
Продолжуваме континуирано да работиме и да ги унапредиме и другите аспекти во однос на ХИВ инфекцијата.