ОДЛИЧНО ФУНКЦИОНИРА МОБИЛНИОТ СЕРВИС ЗА ЗДРАВСТВЕНА И СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА ВО РЕСЕН, ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ РЕАЛИЗИРАНИ СЕ 472 ПОСЕТИ

Одлично функционира мобилниот сервис за здравствена и социјална заштита во општина Ресен и околните места. За шест месеци реализирани се 472 посети.

Одлично функционира мобилниот сервис за здравствена и социјална заштита во општина Ресен и околните места. За шест…

Posted by Венко Филипче on Вторник, 16 јули 2019

Сервисот е сместен во Здравствениот дом во Ресен, кој е добро организиран и работи стручен тим од 5 вработени: медицински сестри, физиотерапевт, неговател и социјален работник. Овој тим оди на терен, во домовите на пациентите и се грижи за нив, со што услугите се доближуваат поблиску до граѓаните.

Кочани е првата општина, која минатата година почна со имплементација на моделот интегрирана здравствена и социјална заштита, а овој месец во Галичник почна со работа летната патронажна медицинска служба, која секој петок, во наредните три месеци ќе ротира во овој регион.

Проектот мобилен сервис за здравствена и социјална заштита во Ресен или т.н патронажни сервиси е во организација на Министерството за здравство, Министерството за труд и социјална политика, Општина Ресен и УНДП, каде пациентите од социјален ризик, маргинализирани групи и тешко подвижни болни, ја добиваат потребната услуга и заштита во домот.

Патронажната служба ги покажува своите позитивни резултати. Светската здравствена организација ги оцени интегрираните услуги за домашна нега на Министерството за здравство како одлична мерка за поттикнување на унапредувањето на здравствените услуги кај граѓаните.

Сподели на:

Related Posts