ОДРЖАНА КОНСТИТУТИВНА СЕДНИЦА НА НАЦИОНАЛНИОТ КОМИТЕТ И НАЦИОНАЛНАТА КОМИСИЈА ЗА ХЕМОФИЛИЈА И ОСТАНАТИ ВРОДЕНИ НАРУШУВАЊА НА СИСТЕМОТ ЗА КОАГУЛАЦИЈА

Денеска се одржа конститутивна седница на националниот комитет и националната комисија за хемофилија и останати вродени нарушувања на системот за коагулација.

На седницата е усвоена десетгодишна национална стратегија за хемофилија и останати вродени нарушувања на системот за коагулација со двегодишен акциски план на Република Северна Македонија. 
Истата има за цел да воспостави долгорочна стратегија за справување со оваа група нарушувања, низ рана дијагностика, редовна контрола и терапија на пациентите и превенција/третман на компликации.

Со нејзина имплементација го унапредуваме квалитетот на живот кај лицата со вродени нарушувања на системот за коагулација, а истовремено ќе го подигнеме и нивото на ефикасност и финансиска исплатливост на здравствениот систем.
Инаку, на конститутивната седница покрај надлежните институции и јавни здравствени установи , присуствуваа и претставници од неколку здруженија на пациенти кои се членови и имаат свое активно учество во работата на националниот комитет.

Сподели на:

Related Posts