ЈЗУ Клиника за хематологија-Скопје оваа недела одбележува два големи јубилеја, 38 години од основањето на Клиниката и 18 години од изведувањето на првата трансплантација на матични хематопетски клетки во Република Македонија.
По тој повод, денес е отворен комплетно реновиран специјалистичко-консултативниот оддел од Клиниката, популарно наречен “Амбуланта на ЈЗУ УК за хематологија”.
Градежните работи преземени изминатите два месеци се целосно завршени и од 01.10.2018, одделот ќе биде повторно ставен во употреба за нашите пациенти во постојните просторни капацитети.
Оваа клиника е еден од позитивните примери за тоа како пациентите во јавна здравствена установа покрај врвната медицинска услуга можат да добијат и комплетен современ третман од аспект на чувството за достоинство, удобност, згриженост како и почит за нивното време.
Со ова се обезбедуваат европски услови не само за македонските осигуреници, туку и подобри услови за работа на медицинскиот персонал.
/**
*/