ОТВОРЕН ОДДЕЛ ЗА ОНКОЛОГИЈА И РЕНОВИРАН ОДДЕЛОТ ЗА РАДИОЛОГИЈА ВО ТЕТОВСКАТА БОЛНИЦА

Министерот за здравство, Фатмир Меџити и заменичката за здравство, Маја Манолева, заедно со претседателот на државата, Стево Пендаровски беа во посета на тетовската болница по повод отворање оддел за онкологија, како и промоција на реновираниот оддел за радиологија и конференциската сала.

-Со новиот оддел се стремиме да ја растовариме гужвата и фреквенцијата на пациенти на Клиниката за онкологија. Покрај инфраструктурното зајакнување, установата е опремена и со два рендген апарата и мамограф со можност за стереотакса и дензитометрија, обезбедени од Министерството. Горд сум што изминатиов период направивме позитивни промени во нашето јавно здравство.

Сподели на:

Related Posts