ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НАЈДОБРО РЕШЕНИЕ ЗА ПОСТЕР НА ТЕМА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА

Во рамки на проектот за поддршка на системот за трансплантација во Република Северна Македонија, објавени се Повици за професионални дизајнери и за средношколци, кои ќе одлучат да достават свои креативни решенија за брендирање кампања за подигнување на свеста за органодонорство и трансплантацијата.

Целта на креативните решенија е да информираат и едуцираат, при тоа доловувајќи ја суштината на пораката за надеж, живот и единство, како асоцијација на хуманиот чин на органодарување.

Учениците од сите државни средни училишта во земјава имаат можност да ги покажат своите визуелни креативни дела на тема органодонорство, преку повикот распишан во рамки на проектот „Поддршка на системот  за трансплантација во Република Северна Македонија“, финансиран од ЕУ.

Tрансплантацијата на органи, освен што спасува животи, ги поставува и темелите на етичките принципи во здравството, како и во општеството во целина. Органодонорството не само што спасува животи на пациентите кои немаат друг избор за лекување, туку и ја испитува нашата хуманост. Семејствата на донорите заслужуваат почит и признание за нивниот алтруизам и надежта која ја даваат за подобра иднина на болните, но и на целото општество преку нивниот пример. Токму ова е иницијалната замисла за започнување кампања за подигнување на свесноста за оргнанодонорство.

Секој учесник може да поднесе најмногу две креативни дела, а рокот за доставување е до 4 март, годинава.

Сподели на:

Related Posts