ОТВОРЕНА ЛОГОПЕДСКА ДИСПЕРЗИРАНА АМБУЛАНТА ВО ЗДРАВСТВЕНИОТ ДОМ ВО КУМАНОВО

Државниот секретар во Министерството за здравство д-р Владимир Милошев, утрово присуствуваше на отворањето на дисперзирана логопедска амбуланта во Здравствениот дом во Куманово. 

„Ги подобруваме условите за третман на нашите пациенти. Дечињата, но и возрасните сега нема да мора да патуваат за да го добијат рехабилитацискиот третман. Жителите на Куманово и околните места, од денеска можат во своето место на живеење да ја добијат потребната здравствена заштита“, изјави државниот секретар Милошев.

Во оваа амбуланта ќе се третираат сите видови патологија во вербалната комуникација. Логопедот кој ќе работи во амбулантата, доаѓа од Заводот за рехабилитација на слух, глас и говор каде работел под менторство на логопеди од оваа установа. Има поминато неколку специјализирани обуки и е комплетно подготвен да отпочне со самостојна работа.

„Ова е голема придобивка за општина Куманово, затоа што секое дете кое има потреба од логопедска помош ќе може да ја добие во местото на живеење. Благодарност за градоначалникот на општина Куманово и директорот на Здравствениот дом кои имаа разбирање за потребите на децата и помогнаа да се најде простор и оваа амбуланта да биде реалност. Родителите со години праќаа барања за вработување на логопед во градот и нивното барање сега е реализирано“, потенцираше државниот секретар Милошев.

Сподели на:

Related Posts