Search Results for: I

СРЕДБА СО АМБАСАДОРОТ НА САД

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче денеска се сретна со амбасадорот на Соединетите Американски Држави, Џес Бејли. На средбата амбасадорот беше запознаен со актуелната состојба во македонското здравство, како и мерките и активностите кои во наредниот период ќе бидат имплементирани со цел унапредување на здравствената заштита во целата држава. Исто така, стана збор за нови […]

ДЕМАНТ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО

Во врска со објавените наводи во дел од медиумите дека не е пријавена имотната состојба на министерот за здравство до Државната комисија за спречување корупција, информираме дека министерот за здравство, д-р Венко Филипче во целост го има запазено рокот за пријавување на имотот, односно поднесена е пријава на 25.01.2018, во рамки на законскиот рок и […]

СТАПУВААТ НА СИЛА ПРЕПОРАКИТЕ И МЕРКИТЕ ВО СЛУЧАЈ НА НАДМИНАТ ПРАГ НА АЛАРМИРАЊЕ ЗА ПМ 10 ЧЕСТИЧКИ

Според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, информираме дека прагот на алармирање за PM10 (надминување на вредноста од 200 мg/m3 во текот на два последователни денови) дефиниран во Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и […]

ИЗВЕШТАИ

Објавување на Годишни извештаи за реализација на програмите за здравствена заштита за 2023 година Годишниот извештај на Програмата за здравствена заштита на мајките и децата за 2023 година Објавување на Годишни извештаи за реализација на програмите за здравствена заштита за 2022 година Годишен извештај за програмска и буџетска реализацуха за Програмата за лекување на ретки […]

СРЕДБА СО МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО ВО РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче оствари работна посета на Република Бугарија, каде се сретна со бугарскиот министер за здравство, Кирил Ананиев. На средбата беше потенцирано дека Република Бугарија, која како членка на ЕУ од годинава го презема претседателствувањето со Европскиот Совет, ги почитува сите правни регулативи и заедничката соработка претставува крупен чекор во насока […]

РАБОТНА СРЕДБА СО ИЗРАЕЛСКИОТ АМБАСАДОР

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче денеска се сретна со амбасадорот на Израел во Република Македонија, Н.Е Дан Орјан. Посебен акцент на средбата беше ставен на можноста за размена на доктори и друг медицински персонал, со цел меѓусебна размена на искуства и воведување нови методи во работата на јавните здравствени установи.

НОВА МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА РАБОТАТА НА КРИВОПАЛАНЕЧКИОТ ЗДРАВСТВЕН ДОМ

Подобрување на состојбата со кадарот во Здравствениот дом во Крива Паланка и набавка на нова медицинска опрема потребна за обезбедување подобри здравствени услуги на граѓаните, најави министерот за здравство д-р Венко Филипче по работната посета на Крива Паланка. – На средбата разговаравме за потребите на оваа институција, како во смисла на подобрување на ситуацијата со кадарот, така и во […]

СРЕДБА СО ЕВРОАМБАСАДОРОТ ЖБОГАР

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче оствари средба со Н.Е Самуел Жбогар, шеф на делегацијата на Европската Унија. Фокусот на разговорите беше ставен на продлабочување на заедничката соработка, со цел унапредување на здравствената заштита низ позитивни искуства од земјите од ЕУ.

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА

Министерство за здравство ќе направи целосна анализа за трагичниот настан во кој почина 15 годишното момче за време на операција на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ). Првичните информации говорат дека станува збор за малигна хипертермија која се случува во многу ретки случаи кај пациенти кои имаат генетска предиспозиција. Целиот […]

МЗ ФОРМИРА КОМИСИЈА ЗА СТРУЧЕН НАДЗОР ЗА СМРТТА НА РОДИЛКАТА

Министерот за здравство изразува жалење и истовремено внимателно го следи случајот со починатата родилка. Во насока на целосно и транспарентно информирање на јавноста формирана е комисија со стручни лица од МЗ и ДСЗИ која ќе ги утврди околностите на настанот.