Search Results for: I

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА БОЛНИЦИТЕ ВО КИЧЕВО И СТРУГА

Министерот за здравство д-р Венко Филипче денеска беше во работна посета на болниците во Кичево и во Струга, при што оствари и средба со градоначалникот Рамиз Мерко. – Повод за посетата е лично да се запознаам со условите за работа во Општата болница во Струга, можностите за подобрување на медицинските услуги за пациентите и квалитетот […]

СРЕДБА СО АМБАСАДОРОТ НА АЛБАНИЈА ВО РМ

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче одржа работна средба со амбасадорот на Албанија во РМ, Фатос Река, на која беше потенцирана потребата од продлабочување на соработката во повеќе сегменти на здравствениот систем, меѓусебна размена на искуства и следење на современите трендови во медицината.

РЕАКЦИЈА ОД МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО

Во врска со наводните тврдења на поединци дека се избришани одредени содржини од сајтот, Министерството за здравство категорично ги отфрла тврдењата дека од официјалната веб страна на Министерството за здравство се избришани сите информации на албански јазик. Не постои намера ниту пак е укажано податоците на албански јазик од веб страната да се избришат.  

УНАПРЕДУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА СО УНФПА

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче одржа работна средба со претставници од регионалната канцеларија на Фондот за Обединетите нации за население (УНФПА), меѓу кои и д-р Доина Болога, регионален директор на Канцеларијата на УНФПА, на која стана збор за можностите за продлабочување на соработката и реализација на конкретни мерки за унапредување на на здравјето на […]

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО И ЛЕКАРСКАТА КОМОРА ЈА УНАПРЕДУВААТ СОРАБОТКАТА

– Унапредување на соработката меѓу Министерството за здравство и Лекарската комора на Македонија, носењето на новиот Закон за здравствена заштита, Законот за докторска дејност, платите и дежурствата на докторите и целокупниот медицински персонал и иницирање кампања за подигнување на достоинството на здравствените работници. Ова се дел од темите на работниот состанок на министерот за здравство […]

ШКОЛИ ЗА РОДИТЕЛСТВО ВО ПОЛИКЛИНИКАТА „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ И ВО БОЛНИЦИТЕ ВО БИТОЛА И ГОСТИВАР

Школи за родителство кои ќе претставуваат еден вид советувалишта ќе бидат отворени во три јавни здравствени установи – во поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје, во Клиничката болница во Битола и во Општата болница во Гостивар. Средствата за отворање на школите ќе бидат обезбедени во рамки на партнерски проект на Министерството за здравство и Пивара за […]

РАБОТНА СРЕДБА НА МИНИСТРИТЕ ФИЛИПЧЕ И АХМЕДOВСКИ

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче и министерот без ресор во Владата задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија, Аксел Ахмедовски остварија работна средба, на која се разговараше за тековни и планирани активности во насока на Имплементација на националниот акциски план за здравство, како и за можностите за зголемување на […]

ЈАВЕН ПОВИК

Формулар за аплицирање и формулар за професионална биографија на ангажираните лица за предлог проектот Формулар за професионална биографија Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Македонија”бр.58/2000, 44/2002, 82/2008, 167/10 и 51/11 “), член 16 став 2 и 3 од Законот […]

МЕРКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА СМРТНОСТА НА ДОЕНЧИЊАТА И РОДИЛКИТЕ

Краткорочни до три месеци и долгорочни до шест месеци се мерките што се планираат за намалување до минимум на смртноста на новороденчињата и родилките во Македонија. Пакетот мерки се подготвени во соработка со Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) и денеска ги претстави министерот за здравство Венко Филипче кој, рече, силно верува дека ќе […]

СООПШТЕНИЕ ОД МЗ

Министерството за здравство категорично ги отфла информациите пласирани во јавноста дека исчезнало бебе на Клиниката за Гинекологија. Министерството ја информира јавноста дека бебето и мајката се на Клиниката за Гинекологија и нивната здравствена состојба е добра. Истовремено сакаме да информираме дека поднесена е пријава до МВР за насилно однесување против семејството на родилката.