ПОЧНА БЕСПЛАТНАТА ВАКЦИНАЦИЈАТА ПРОТИВ СЕЗОНСКИ ГРИП ЗА РИЗИЧНИ ГРУПИ НАСЕЛЕНИЕ

Бесплатната вакцинацијата против сезонски грип за ризичните групи население почна од денеска во Центрите за јавно здравје низ државата и нивните подрачни единици по градовите. Во Скопје и на три пункта во поликлиниките – Идадија, Ѓорче  Петров и Бит пазар.

Заинтересираните граѓани од ризичните групи можат да се пријават преку страницата vakcinacija.mk, досега се веќе пријавени над 27 илјади граѓани. 

Во текот на вчерашниот ден преку Мој Термин се испратени над 12 илјади покани преку смс со известување за терминот и пунктот за вакцинирање.

Потсетуваме дека бесплатната вакцинација против сезонски грип е незадолжителна, наменета за постари лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години. Министерството испрати допис и до матичните лекари да им излезат во пресрет на заинтересираните граѓани да се пријават во системот за вакцинација.

Граѓаните, кои спаѓаат во ризичните групи може да го искажат својот интерес преку пополнување на апликацијата на следниот линк:

https://vakcinacija.mk/mk/registration-flu?fbclid=IwAR06BSDGCR0NaKR8bJrWJ-mw1sDpmHFpJ5mOPTmZPSqzyiG8CNDddsSMmeM

Сподели на:

Related Posts